40-ти ден протести „За заедничка Македонија“
Да се отфрли Тиранската платформа и да се спречат уценувањата од соседна држава- бараат од граѓанската иницијатива „За заедничка Македноија“.

За унитарна Македонија, денеска 40-ти ден граѓаните во земјава ќе протестираат за зачувување на единственоста на Република Македонија. Да се отфрли Тиранската платформа и да се спречат уценувањата од соседна држава- бараат од граѓанската иницијатива „За заедничка Македноија“.
Велат дека ќе се борат да ја зачуваат нашата држава, но и порачаа- сплотени заедно продолжуваат да се борат да го зачуваат нашиот идентитет, кој го спојува минатото и сегашноста и е основа за нашата иднина.
Единствени се во заложбите дека не смее да се состави влада која е базирана врз елементите на Тиранската платформа. Излез од сегашната криза гледаат во брзи парламентарни избори и одржување на попис на населението.
Протестите продолжуваат во Скопје и во уште 40 градови низ земјава.