Метео: Променливо време за викендот
07.04.2017 14:33
Во североисточните делови облачноста ќе се зголеми и ќе донесе услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 60 километри на час.

Во првиот ден од викендот не очекува сончево време со умерена облачност. Во североисточните делови облачноста ќе се зголеми и ќе донесе услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 60 километри на час.
Во недела ќе настапи подобрување на времето. Утринските температури на места ќе бидат негативни,а во текот на денот ќе преовладува сончево и потопло време со слаб до умерен југоисточен ветер и повисока дневна температура.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
