СДСМ: Иванов е должен да овозможи мирен транфер на власта

07.04.2017 14:52

Според Социјалдемократите, Иванов е должен да овозможи мирен транфер на власта.

„Потребен е здрав разум, и таа порака не случајно ја испрати меѓународната заедница“, одговорија од СДСМ за интервјуто на претседателот. Според Социјалдемократите, Иванов е должен да овозможи мирен транфер на власта.

„Целата домашна и меѓународна јавност знае дека постои програма на новата реформска влада за унитарна Македонија. Постои легитимно парламентарно мнозинство од 67 пратеници, и демократските процеси мора да продолжат. Мнозинската волја ќе се испочитува“, се вели во реакцијата на СДСМ, од каде посочуваат и дека Иванов не смее да ги загрозува државните интереси, а тоа не смеат да го прават ниту пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.