Светски ден на здравјето: Да се подигне свесноста за депресијата
На Денот на здравјето, Светската здраствена организација со податок, во светот страдаат над триста милиони луѓе од депресија. Се предупредува дека во 2020 година депресиите би можеле да бидат втора најчеста болест. И во Македонија за 40 отсто е зголемен бројот на болнички лекувани депресивни луѓе.

Кај едногодишно дете била поставена дијагноза депресија- но по направените контроли утврдено е дека таа е погрешна. Потребно е да се подигне свесноста- вели ресорниот министер Тодоров. Експертите од оваа област да обрнат повеќе внимание во дијагностиката, за вакви грешки да не се повторуваат.
„Процентот на оваа дијагноза во Македонија е далеку понизок од просекот кој е утврден од СЗО. Но тоа треба да биде сериозно анализирано од страна на експертите. Дали е тоа резултат на недоволна или слаба дијагностика или е погрешна дијагностика како што е случајот кој го споменав“, изјави Никола Тодоров, министер за здравтво.
Лекарите велат дека сѐ уште е присутна стигма за оваа болест, граѓните не се охрабруваат да побараат лекарска помош. Според податоците на системот „Мој термин“ лани во земјава 55 илјади пациенти имале депресија.
„Кога ми почина сопругот веќе две години имам депресија, бев и на лекар, но ми се повторува.“
„Има многу луѓе што се жалат од депресија. Секогаш го советувам да побараат помош во надлежните здравствени установи“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.
Во регионот има земји со многу послаб здравствен систем - ова е оценката за македонското здравство од претседателот на Македонското лекарско друштво димитров.
„Нашите лекари кога ќе отидат во странство се многу ценети, тоа значи дека континуираната медицинска едукација е одлична“, вели Горан Димитров - претседател на Македонско лекарско друштво.
Според здравствените власти треба да се обрне вниманието кон намалување на доеничката смртност и проблемото со третманот на пациентите со малигни заболувања.
Андријана Атанасовска
