Два земјотреса почувствувани во Скопје
09.04.2017 22:06
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека епицентрите на земјотресите биле во Скопското епицентрално подрачје...

Два земјотреса со магнитуда од 2,7 степени според Рихтеровата скала се регистрирани во Скопје вечерва во 21 часот и 10 минути и во 21 часот и 11 минути.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека епицентрите на земјотресите биле во Скопското епицентрално подрачје, а се почувствувани во Скопје и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.
