Нема вода за оризот

10.04.2017 09:48

Оризопроизводителите го сменија планот, вода за оризот нема доволно. Полупразните акумулации ги намалија површините за сеидба. Годинава под ориз ќе има за само 2.700 хектари или скоро за поливина помалку од првичните намери кога се планираше да се посеат 5.100 хектари.

Поради лошата хидролошка состојба и неможноста акумулацијата Калиманци да се наполни до крај со потребните количества вода, направена е рестрикција на планот за наводнување за престојната пролетна сеидба.

На почетокот беше планирано да се наводнуваат 5.100 хектари во атарите на кочанско, штипско и светиниколско, но со ревидирање површините ќе треба да се намалат на 2.400 хектари, односно да се обезбеди вода за наводнување само за 2.733 хектари под ориз.

Ова е екстремно сушна година процануваат експертите, а најголема рестрикција на оризовите површини имa во повеќе населени места во кочанско и штипско.

Доколку не се подобри хидролошката состојба од кочанското водостопанство најавуваат поголема рестрикција на водата за наводнување што ќе ги погоди и другите земјоделски култури во регионот.

 

Методија Трајков