Шведска: Осомничениот напаѓач од Стокхолм призна дека извршил терористички акт

11.04.2017 14:22

39-годишниот Ракмат Акилов со камион прегази четворица цивили. Многумина беа повредени, а двајца се во критична состојба.

Осомничениот напаѓач од Стокхолм призна дека извршил терористички акт. 39-годишниот Ракмат Акилов со камион прегази четворица цивили. Многумина беа повредени, а двајца се во критична состојба.

Во Европа дошол да заработи пари, оставајќи ги сопругата и четирите деца во родниот Узбекистан.

Во 2014-та година барал дозвола за престој во Шведска, а лани во декември добил наредба да си замине за еден месец. Откако исчезнал, во февруари бил ставен на листата на барани лица.