Наскоро ИПАРД 2 оглас
Наскоро се очекува да биде објавен првиот ИПАРД 2 оглас. Мерките остануваат исти како и во првата програма, но сега со зголемено ко- финансирање на инвестициите и до 70 проценти. Можно е да се воведе и нова мерка за финансиска поддршка за вложувањата во руралната инфра структура.
Наместо досегашните 50 односно 55 проценти, стапката на кофинансирање во првата мерка за инвестиции во земјоделските стопанства, може да се зголеми и до 70 отсто во подрачјата со ограничени можности.
Исто така новина е и воведувањето на житните култури како прифатлив сектор за инвестирање и инвестирањето во обновливи извори на енергија. Дел за сопствено користење на енергијата, а дел за нејзина продажба.
ИПАРД 2 Програма има на располагање околу 60 милиони евра Европски пари на кои се додаваат и дополнителни средства од македонскиот буџет.
Со ИПАРД 2 се планира да се овозможи и поддршка на инвестициите во рурална инфраструктура, а директни корисници на средства ќе бидат општините.
Мерката е воведена во програмата, меѓутоа процесот на акредитација сѐ уште тече.
По завршување на постапката, ќе следи објавување јавен повик и аплицирање на локалните власт за обнова на инфраструктурата.
Методија Трајков