Протести против резултатите од референдумот во Турција
51,4% од народот прифати воведување на претседателски систем со кој се зголемуваат овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Нема информации за судири и инциденти за време на собирите.

Резултатите од референдумот во Турција предизвикаа протести во Истанбул, Анкара и Измир. 51,4% од народот прифати воведување на претседателски систем со кој се зголемуваат овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Нема информации за судири и инциденти за време на собирите.
„Кога им стана јасно дека ќе бидат поразени, поддржувачите на Ердоган ги сменија правилата и ги прогласија за валидни ливчињата кои немаа печат. Крадеа гласови од нас. Гласањето не е законски спроведено.“
„Револтирани сме од изборната комисија. Го прекршија Членот 98 од Законикот за избори, и тоа отворено.“
Поддржувачите на уставните измени во Ердоган гледаат силен лидер кој ќе и донесе на Турција слобода, просперитет и стабилност.
„Шемите, притисоците од странските земји не натераа да гласаме за измените. Само ја зголемија нашата решителност.“
Честитки за победата стигнаа и од американскиот претседател Доналд Трамп. Во меѓувреме, владата во Анкара ја продолжи вонредната состојба за уште три месеци, што е трето продолжување по неуспешниот обид за воен преврат во јули минатата година. Турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш потенцира дека одлуката е донесена по консултациите меѓу турскиот Национален совет за безбедност и Владата.
