Северна Кореја: Ќе продолжиме со ракетните проби на неделно ниво
18.04.2017 11:15
И војната не е исклучена опција доколку Вашингтон се послужи со воени средства, изјави пратеникот на Пјонгјанг во Обединетите нации.

Севернокорејските власти предупредија дека секоја недела ќе вршат ракетни проби и покрај осудата на меѓународната заедница и зголемувањето на воената тензија со САД.
И војната не е исклучена опција доколку Вашингтон се послужи со воени средства, изјави пратеникот на Пјонгјанг во Обединетите нации.
Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди да не се тестира одлучноста на САД.
