Продолжуваат протестните маршеви низ земјава
Од оваа иницијатива сметаат дека на граѓаните им е подметната Тиранската платформа, а според нив, овој документ води кон бинационална, а не кон мултинационална држава.

Продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои траат речиси два месеца. Од оваа иницијатива сметаат дека на граѓаните им е подметната Тиранската платформа, а според нив, овој документ води кон бинационална, а не кон мултинационална држава.
Црвено- жолтата линија нема да ја поминат. Треба да го одбраниме Уставот и да не дозволиме избор на претседател на Собрание кој под перница ја чува Тиранската платформа. Во петок ќе соопштиме важни информации и планови за наредниот период, велат од иницијативата „За заедничка Македонија“.
Ќе протестираат сѐ до исполнување на барањата.
