Жбогар: Време е институциите да профункционираат

19.04.2017 13:21

Смета дека што поскоро треба да се избере нов претседател на Собранието, а сите политички чинители да се обединат кон единствената цел- евроатлантските интеграции на Македонија.

Време е институциите да се формираат и да профункционираат- изјави евроамбасадорот Самеул Жбогар. Смета дека што поскоро треба да се избере нов претседател на Собранието, а сите политички чинители да се обединат кон единствената цел- евроатлантските интеграции на Македонија.

Мислам дека е дојдено времето кога сите во државата треба да ја научат лекцијата, дека е време да се формира единство и сите да бидат обединети кон една иста цел. Дојдено е време земјата да се придвижи напред, да се формираат државните институции, да се избере спикерот на Собранието и да се формира Владата. Мислам дека е дојдено време и власта и опозицијата, како и сите луѓе во вашата земја да почнат повеќе да се слушаат меѓу себе за да бидат единствени. Тоа е многу важно за иднината на вашата земја и за процесот на евроинтеграција за кој сме сите заинтересирани да продолжи, рече Жбогар.