МО: Конкурс за студенти-питомци за школување на академиите во Србија, Турција и Хрватска
Покрај општите услови, кандидатите треба да ги исполнат и посебните услови, да не се постари од 20 години и да ги положат приемните испити по биологија и по хемија. Студиите траат 6 години.

Министерството за одбрана распиша конкурс за запишување тројца студенти- питомци што ќе се школуваат во Турција, Србија и во Хрватска во учебната 2017/ 2018 година.
Покрај општите услови, кандидатите треба да ги исполнат и посебните услови, да не се постари од 20 години и да ги положат приемните испити по биологија и по хемија. Студиите траат 6 години.
Доколку биде избран кандидат кој не го познава турскиот јазик ќе биде упатен на задолжителна јазична обука во траење од 1 година. Конкурсот трае до први мај, а документите се доставуваат до Воената академијата во Скопје.
По завршување на студиите, на кандидатите им се гарантира прием во АРМ и имаат обврска да поминат во Армијата најмалку двојно подолго од времетраењето на студиите.
