Земјотрес почувствуван во Охрид и околината
19.04.2017 13:27
Епицентарот на земјотресот, што беше со Рихтерова локална магнитуда 2,9, се наоѓа во Охридското епицентрално подрачје...

Земјотрес со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала во 11 часот и 42 минути беше почувствуван во Охрид и околината.
Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот, што беше со Рихтерова локална магнитуда 2,9, се наоѓа во Охридското епицентрално подрачје.
