Момче од Кавадарци загина во сообраќајка на влез на Велес

19.04.2017 14:35

Од засега непознати причини, камионот што го возел се извртел на патот, а кабината сопрела на работ од провалијата.

23- годишно момче од Кавадарци загина изутрината во тешка сообраќајна несреќа на влезот од Велес. Од засега непознати причини, камионот што го возел се извртел на патот, а кабината сопрела на работ од провалијата.

Притоа вратата се отворила и момчето паднало во провалијата. Веднаш било пренесено во Велешката болница, каде што започнала реанимација. Но, поради фаталноста на повредите, момчето починало.

Додека полицијата вршела увид, неколку часа сообраќајот бил пренасочуван кон населбата Речани.