Заев се сретна со амбасадорите на Германија, Велика Британија, Шведска и на Холандија
Лидерот на СДСМ, Заев се сретна со амбасадорите на Германија, Велика Британија, Кралството Шведска и на Кралството Холандија.

Република Македонија мора да ги продолжи демократските процеси со што ќе се осигура стабилната иднина за граѓаните. Лидерот на СДСМ, Заев се сретна со амбасадорите на Германија, Велика Британија, Кралството Шведска и на Кралството Холандија.
Парламентарното мнозинство од 67 пратеници е подготвено да ја реализира граѓанската волја за промени, изразена на изборите на 11-ти декември. Чекорите што следуваат во брзо време се избор на нов собраниски претседател и нова реформска влада, според деловникот на собранието и Уставот, рекол Заев.
Според соопштението од партијата, лидерот на СДСМ посочил дека е неопходно да се постапи според мнозинската волја на граѓаните и да се овозможи мирен трансфер на власта.
