Уште три лица осомничени за грабежот во НЛБ Банка
Заработија кривична пријава. Меѓу нив братот на первопријавениот, кој беше вработен во трезорот, другиот, негов пријател и третата е банкарски комерцијалист во истата банка.

Уште тројца помагале за да се изнесат милионите од НЛБ Банка. Заработија кривична пријава. Меѓу нив братот на первопријавениот, кој беше вработен во трезорот, другиот, негов пријател и третата е банкарски комерцијалист во истата банка.
Се товарат дека дирекно му помогнале на првопријавениот во изврашување на кривичното дело со кое се стекнал со имотна корист од 2 милиони и 400 илјади франци и 645 илјади евра. По увидот на видео надзорот се гледала конверзацијата меѓу нив, информираат од полицијата.
2-та милиони швајцарски франци и 270 илјади евра, кога ги изнел со украсна ќеса првопријавениот, му ги предал на брат му, а тој пак на другар му, кој се обидел наредниот ден да ги внесе во Србија. Бил фатен на граничниот премин Табановце.
Од МВР соопштуваат дека сѐ уште преземаат мерки за да откријат на кој начин од банката биле изнесени уште 300 илјади швајцарски франци.
