Иницијатива до Уставен суд за членови од Законот за локална самоуправа

19.04.2017 16:22

Со продолжувањето на мандатот на локалните власти до новите избори, би се избегнала блокадата која настана откако во Собранието е пробиен рокот за нивно распишување за мај годинава.

Во Уставниот суд пристигна иницијативата за оценување на уставноста на два члена од Законот за локалната самоуправа кои се однесуваат на мандатите на градоначалниците и на советниците, во случај навреме да не бидат одржани локалните избори.

Со продолжувањето на мандатот на локалните власти до новите избори, би се избегнала блокадата која настана откако во Собранието е пробиен рокот за нивно распишување за мај годинава.

Иницијативата, за која се бара приоритетно решавање, ја поднела работната група составена од министерката за локална самоуправа, претставници од Министерството за правда, претседателот и потпретседателот на ЗЕЛС и од Секретаријатот за законодавство.

Информацијата за Македонската телевизија ја потврдија од Уставниот суд.