Маратонско испрашување на Доналд Туск во Варшава
Во Варшава, Туск беше сослушан како сведок во истрага поврзана со двајца оперативци на полското воено контраразузнавање осомничени за злоупотреба на должноста поради соработка со странска разузнавачка служба.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека обвинувањата за активностите за време на неговиот премиерски мандат во Полска се дел од т.н. политички лов на вештерки од актуелната полска Влада.
Во Варшава, Туск беше сослушан како сведок во истрага поврзана со двајца оперативци на полското воено контраразузнавање осомничени за злоупотреба на должноста поради соработка со странска разузнавачка служба.
Властите го обвинуваат Туск и за падот на државниот авион кај Смоленск при што загина тогашниот претседател и негов брат Лех Качински заедно со 95 други лица.
Актуелната полска Влада тврди дека Туск ја злоупотребува функцијата во ЕУ за да се меша во полската политика.
Минатиот месец Полска беше единствена од 27-те членки на ЕУ која гласаше против реизборот на Туск за претседател на Европскиот совет.
