50 милиони евра субвенции на земјоделците ќе бидат исплатени согласно со законскиот рок

24.04.2017 14:43

50 милиони евра за субвенции на земјоделците ќе бидат исплатени согласно со законскиот рок, посочува ресорниот министер. Платежната агенција ќе ги изготви налозите до 31-ви мај. Од Министерството велат дека Комисиите за штетите се сѐ уште на терен и засега е завршена проценката само за измрзнувањето на овошките. Огласен е и вториот конкурс за замјоделците вреден 60 милиони евра. Од нив 25 насто се од македонскиот буџет.

Се бара начин за исплата на субвенциите за 2015-та и 2016-та година во износ од над 50 милиони евра- тврди ресорниот министер Цветков. Објаснува дека причината зошто се уште нема пари на сметките на земјоделците не е недостигот на пари, туку колизијата на законите за избори и за земјоделство и рурален развој.

„Проблемот не е во немањето пари, ако за се друго се исплаќаат парите, само не за земјоделието, мислам дека не е логички. Имајќи предвид дека законот кажува до 30-ти јули наредната година треба да се исплатат субвенциите за претходната година, па има закон за избори кој што кажува нешто друго, така што таа коализија меѓу овие закони треба да се расчисти, а со тоа да почне и исплатата на субвенциите“, објаснува министерот Михаил Цветков.

Пари за земјоделците ќа има преку ИПАРД 2 програмата. Можат да конкурираат и за 60 милиони евра пари од првиот оглас, мерките остануваат исти со зголемено кофинансирање. Првите договори за користење средства во вредност од 10 милиони евра ќе бидат потпишани до крајот на јуни. Може да се аплицира за инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства, за преработка на земјоделски производи и за развој на бизнис.

„Вкупниот износ на програмата изнесува 68 милиони евра, од кои 30 милиони се за првата и втората мерка, за материјални инвестиции и заемјоделски стопанства и за земјоделски производи, а преостанатите средства се во диверзификација на руралните средини“, изјави Игор Златков, директор на Платежната агенција.

На терен сѐ уште се прави процена на настанатите штети од минусните темперартури.

„Комисиите се на терен, имамвме можност во текот на вчерашниот дел на посетиме дел од нив, кои веќе ја прават првичната проценка, која ќе значи иницијален податок“, рече заменик министерот за земјоделство, Ванчо Костадиновски.

Завршена е проценката на штета само кај овошните насади.

 

Дијана Ценевска