Втор зборник на научни трудови: Македонско-словачко книжевни, културни и јазични врски
„Македонско- словачки книжевни, културни и јазични врски“- промовиран вториот зборник на научни трудови во издание на Институтот за македонска литература- Скопје. Промовирани и инсерти од документарниот триптих „Мисијата на браќата Константин и Методиј“ во продукција на Словачката телевизија снимен во 2014-та година.

Македонско- словачките културни врски имаат богата и повеќе од 1.000 годишна традиција, чии почетоци се поврзани со мисијата и дејноста на сесловенските просветители Константин, Кирил и Методиј. Промовиран вториот зборник на македонско-словачки книжевни, културни и јазични врски во издание на Институтот за македонска литература во Скопје.
Според амбасадорот на Словачка, сведоштото на светите Кирил и Методиј е трајно присутно во нашата историска свест, во нашите традиции култура и христијанската вера и е составен дел од секој Словак и од секој Македонец.
Целта е да се поттикнат македонско- словачките книжевни, културни и јазични поврзувања како и да се афирмира македонската култура во словачката средина.
Беа промовирани и инсерти од документарниот триптих „Мисијата на браќата Константин и Методиј“, во продукција на Словачката телевизија снимен во 2014-та година.
Ана Јосифоска- Тодоровска
