ВМРО-ДПМНЕ бара лидерска, СДСМ не прифаќа

24.04.2017 15:30

ВМРО-ДПМНЕ повикува лидерите да седнат на заедничка маса и да најдат компромис за суштинските прашања. Социјал-демократите се повикуваат на Пржино и на резултатите од изборите.

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ бараат лидерска средба за излез на земјата од политичката криза, СДСМ сметаат дека нема потреба од седнување на заедничка маса. Според Крсто Мукоски, време е за лидерска средба за да се најде компромис меѓу политичките партии.

Зошто и со кого би разговарале на тие лидерски средби- возврати портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. На лидерските средби во Пржино биле догворени парламентарните избори кои никој не ги оспорил, рече Шилегов.

Социјал- демократите и нивните коалициски партнери со процедурална забелешка дека се зборува за сѐ, но не и за точката на дневен ред.

Вејсел Мемеди од Алијансата на албанците пак смета дека ВМРО-ДПМНЕ игра на психолошка карта кај граѓаните и им ја уриваат реалната перцепција за состојбите во земјата.

Седумнаесети ден во Собранието на конститутивна седница се дебатира за изборот на претседател и членови на Комисијата за избори и именувања.

 

Миле Ристески