Нови жртви во протестите во Венецуела
25.04.2017 11:36
Протестите почнаа по одлуката на Врховниот суд да присвои дел од овластувањата на парламентот...

Две лица беа застрелани на антивладините протести во Венецуела. Демонстрантите бараат предвремени општи избори годинава и оставка на претседателот Николас Мадуро.
Протестите почнаа по одлуката на Врховниот суд да присвои дел од овластувањата на парламентот, единствената институција под контрола на опозицијата од крајот на 2015 година.
