Грција ги продолжува преговорите со кредиторите
25.04.2017 12:04
Брисел изрази оптимизам дека до крајот на неделава ќе се постигне договор на ниво на техничките тимови.

тим од Атина почнува преговори со кредиторите на Грција фокусирани на енергетиката и на новиот фонд за приватизација. Брисел изрази оптимизам дека до крајот на неделава ќе се постигне договор на ниво на техничките тимови.
Во спротивно, Владата ќе подготви пакет предлог-закони што се очекува да биде одобрен од Парламентот до 15 мај за да Еврогрупата го финализира договорот, барем на европската страна, додека Меѓународниот монетарен фонд ја разгледува својата позиција.
