Повеќето Шкотланѓани не сакаат нов референдум за независност
25.04.2017 12:09
Истражувањето беше спроведено на 1.060 лица, од кои само 26% го поддржале предлогот на премиерката Никола Старџен, додека 46 отсто се изјасниле против референдум.

Повеќето граѓани на Шкотска не сакаат нов референдум за независност од Обединетото Кралство, покажува анкетата на „Кантер“.
Истражувањето беше спроведено на 1.060 лица, од кои само 26% го поддржале предлогот на премиерката Никола Старџен, додека 46 отсто се изјасниле против референдум.
Овој дел од Обединетото Кралство масовно гласаше за останување во ЕУ, а Владата на Шкотската национална партија побара нов референдум за независност, на кој Лондон се спротивстави.
