Јилдирим: Брисел да се изјасни дали сака да ја види Турција во ЕУ
25.04.2017 12:40
Потенцираше дека Европа не се стреми кон исполнување на обврските од договорот со Турција за надминување на миграциските приливи.

Турскиот премиер Бинали Јилдерим изјави дека Анкара го повикала Брисел конечно да се определи дали Европската Унија сака да ја види Турција како своја членка.
Потенцираше дека Европа не се стреми кон исполнување на обврските од договорот со Турција за надминување на миграциските приливи.
Според него, Брисел не ги исполнува финансиските ветувања од три милијарди евра зашто Анкара добила само 790 милиони.
