Мултилатерални консултации Македонија- НАТО во Брисел

25.04.2017 14:53

Мултилатерални консултации Македонија- НАТО во Брисел. Разгледувани партнерските цели за нашето членство во Алијансата. Пофалба за учеството и нашиот придонес во мировните мисии.

На денешниот редовниот состанок во седиштето на НАТО во Брисел, се одржаа консултации во поглед на реализацијата на партнерските цели на Република Македонија, за остварување на идно полноправно членство во Алијанста, кое е стратешка цел на нашата држава.

„Ги допревеме сите прашања во однос на реформате, потоа што е постигнато минатата година и сите сугестии и добронамерни забелешки од страна на НАТО, за тоа како треба да се движиме сѐ до полноправно зачленување“, изјави Беким Максути, заменик министер за одбрана.

На мутилатералните консултации била оддадна почит за придонесот на Република Македонија во мировните операции предводени од НАТО, како и за значителниот напредок во делот на регионалната соработка, конкретно во отворањето на седиштето на Балканските медицински сили, кое што ќе биде перманентно во Република Македонија, а распределни во случај на кризни потреби.

„Најголемо внимание се посвети на процесот на модернизација и опемување на Армијата, процес кој што е во тек. Имено во 2017-та година во буџетот на Министерството на одбрана се одбрени 6,38 проценти повеќе буџетски средства. Исиклучително беше поздравен фактот што скоро 21 процент ќе бидат наменети за капитални расходи“, изјави Елизабета Чуповска- Ристова, државен секретар во Министерството за одбрана.

Оваа година се очекува да се отвори 18-тиот по ред циклус за идното членство во НАТО алијансата.

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ