Се бара оставка претседателот на ПССЕ, Педро Аргамунт
Јавно сослушување на претседателот на ПССЕ, Педро Аграмунт, од кој се бара оставка, обвинувања за корупција и наскоро независна истрага за да се утврдат фактите...

За прв пат во историјата на ПССЕ, неговиот претседател е повикан да поднесе оставка поради неговото патување во Сирија, кое што беше изманиупулирано. Тој се бранеше денес пред ПССЕ и новинарите.
Делегацијата на Украина во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), бара да се започне со процесот на импичмент, која му забележува на Аграмунт дека патувал со членови на делегација на рускиот Долен дом на Парламентот, во посета на сирискиот претседател Башар ал- Асад.
Пред формално отворање на сесијата, Аграмунт призна дека неговата посета на Сирија, како шпански сенатор, била грешка и за тоа им се извини на членовите на ПССЕ. Но, тие не го прифаќаат извинувањето.
Ова барање за оставка на претседателот на ПССЕ, доаѓа во мометот кога повеќе невладини организации обвинија членови на собранието дека биле корумпирани од Азербејџанските власти. Истовремено се слушаат слични обвинувања и за парламентрацте кои работеле за извештајот за Ерменија.
Наскоро ПССЕ ќе треба да им довери независна истрага на тројца експерти за наводните сомневања за корпција, но последната афера со Аграмунт, чие име се споменува во обвинувањата сигурно дека нема да придонесе за угледот на паневропскаат асамблеја
Можеме да заклучиме дека оваа дебата повеќе му штети на ПССЕ и на СЕ, кој што многумина го нарекуваат „Совест на Европа“, отколку за демократичноста на оваа институција.
Тони Гламчевски, постојан дописник од Стразбур за МРТ
