Продолжуваат протестите на „За заедничка Македонија“
26.04.2017 13:13
По завчерашниот протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, вчера демонстрантите маршираа и до седиштето на Социјал-демократскиот сојуз.

Продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. По завчерашниот протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, вчера демонстрантите маршираа и до седиштето на Социјал-демократскиот сојуз.
Оттаму побараа нови, предвремени парламентарни избори во Македонија. Заштита на унитарноста на државата, отфрлање на Тиранската платформа и предвремени избори- бараат од иницијативата.
