Врховен суд расправа за користење на прислушуваните материјали

26.04.2017 13:20

Судиите треба да одлучуваат за два поднесока од претседателот на судот, Вангеловски.

Врховниот суд денеска расправа за користењето на прислушуваните разговори како докази во судските постапки. Судиите треба да одлучуваат за два поднесока од претседателот на судот, Вангеловски.

Првиот се однесува на тоа дали тие се само индиции или пак може да се користат во судска постапка, и вториот е околу барањата за заштита на законитоста до судот, односно дали Специјалното јавно обвинителство има право да поднесува вакви барања, или пак, тоа е само во надлежност на Јавното обвинителство, чијшто претседател е Марко Зврлевски.

Претходната седница на Врховниот суд беше одложена поради боледување на дел од судиите.