Железњак: Штетност од политиките на протекционизам
28.04.2017 13:31
Западните сили ја сносат одговорноста за насилството, во кое страдаат нивните сопствени сателити и опоненти, а заложник на тие провокативни геополитички проекти е народот на Македонија вели рускиот пратеник...

Протестите во Македонија ја демонстрираат штетноста на политиката на протекционизам и грубото мешање во внатрешните работи од САД, НАТО и ЕУ, смета пратеникот во Думата на Руската Федерација, Сергеј Железњак.
Имено, овие западни сили ја сносат одговорноста за насилството, во кое страдаат нивните сопствени сателити и опоненти, а заложник на тие провокативни геополитички проекти е народот на Македонија, суверенитетот и територијалниот интегритет на македонската држава, потенцира Железњак.
