АВМУ: Осуда за нападите на новинарските екипи
Во вакви ситуации и медиумите треба да бидат дораснати на тежината на својата улога и да ја преземат одговорноста да известуваат објективно и непристрасно- велат од Агенцијата за медиуми...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осуди насилството врз новинарите и новинарските екипи, за време на вчерашните случувања во Собранието. Оттаму велат, од огромно значење е да им се овозможи на медиумските професионалци непречено и безбедно да ја извршуваат својата работа.
„Тие се таму за да ја информираат јавноста за актуелните општествено- политички настани и оттаму, секое насилство врз нив е неприфатливо и претставува директен напад врз слободата на изразувањето. Во вакви ситуации и медиумите треба да бидат дораснати на тежината на својата улога и да ја преземат одговорноста да известуваат објективно и непристрасно, да не пренесуваат шпекулации и непроверени информации, но и да не сокриваат факти и да не ја подгреваат тензијата“- се вели во дописот од Агенцијата.
