Народен правобранител: Критики за селективноста на МВР

28.04.2017 13:44

Примената на двојни аршини во работата на овој орган ги потврди констатациите на Народниот правобранител за длабоката партизираност на ова министерство...

Народниот правобранител го осудува насилството врз пратениците и новинарските екипи, но го критикува и непрофесионалното и селективно постапување на Министерството за внатрешни работи.

Примената на двојни аршини во работата на овој орган ги потврди констатациите на Народниот правобранител за длабоката партизираност на ова министерство, што е за секаква осуда, велат од канцеларијата на Омбудсманот.