Ден по инцидентот, мирно пред Собранието
Законодавниот дом вчера беше средиште на инцидентите кои настанаа по изборот на претседател на Собранието и пеењето на албанската химна. Денеска беше предвидено продолжение на собраниската седница, но поради истите причини беше одложена. Демонстрантите од „За заедничка Македонија“ најавуваат дека ќе ги омасоват протестите и дека нема да се откажат од заштитата на уставноста и унитарноста.

Ден по инцидентите, мирно пред македонското Собрание. Полицијата е околу зградата на Законодавниот дом. Запрен е протокот на возила. Проретчено е и движењето на граѓаните во непосредна близина на Парламентот. По жестоките случувања во парламентот, дел од демонстрантите ноќта ја минаа под отворено небо. Велат- ќе останат овде онолку колку што е потребно.
Нема продолжение на конститутивната седница. Во канцелариите, прес- центарот и салата „Македонија“, каде се одржуваат пленарките се проценува напрвената штета.
Се прават напори за враќање во првобитната состојба во најкус рок, со што ќе се создадат услови за работа на собранието информираа од собраниската служба.
Миле Ристески
