Ердоган: Референдум за членството во ЕУ

02.05.2017 12:41

Односите меѓу Анкара и земјите- членки се влошија во очи референдумот за уставните реформи со кои се проширија овластувањата на претседателот.

Турскиот претседател Ердоган изјави дека неговата земја на референдум ќе решава за членството во ЕУ. Ердоган ја обвини Унијата дека не е искрена, ниту чесна и дека ја држи Турција да чека пред нејзината врата.

Односите меѓу Анкара и земјите- членки се влошија во очи референдумот за уставните реформи со кои се проширија овластувањата на претседателот.

ЕУ неодамна порача дека Турција мора да упати појасни сигнали за тоа дали има намера да ги исполни критериумите на унијата за човековите права и владеењето на законот.