Билодо го одбрани златото од Ванкувер

10.02.2014 21:35

26-годишниот скијач е прв кој успеа да ја продолжи златната олимписка низа...

Алекс Билодо влезе во историјата на слободното скијање – могулс откако вечерва во Сочи ја одбрани титулата освоена на олимписките игри во Ванкувер 2010-та. 26-годишниот скијач е прв кој успеа да ја продолжи златната олимписка низа.

Подвигот е остварен во едно од најголемите ривалства на оваа олимпијада, во  директниот  канадски судир со неговиот сонародник Микаел Кингсбери, кој се закити со сребрениот медал.

Историски, чисто канадски пиедестал во оваа дициплина не дозволи рускиот олимпиец Александр Смишљаев кој на големо задоволство на домашната публика на Роза хутор екстрем паркот во Сочи, ја зграпчи бронзата пред четвртопласираниот канаѓанец Марк Антоан Гањо.

Радоста на русите е двојна , зашто Смишљаев на својата земја и носи олимписки медал во слободното скијање-могулс по две децении откако Сергеј Шуплецов оссвои сребрено одличје во Лилехамер.Канада со три злата и едно сребро е најуспешна на седумте зимски олимпијади на кои составен дел е оваа атрактивна дисиплина.