СДСМ: Неопходно е продолжување на демократските процеси

03.05.2017 10:15

Според СДСМ врвен државен интерес е мирен трансфер на власта и формирање на ковата реформска влада и тоа брзо ќе се случи.

Институциите и вработените во нив се должни да овозможат спроведување на мнозинската волја на граѓаните, се вели во днешното соопштение на СДСМ. Неопходно е новиот претседател на Собранието, избран на законски и легитимен начин, целосно да ги преземе одговорностите по Деловник, Устав и закон кон граѓаните и државата.

Според СДСМ врвен државен интерес е мирен трансфер на власта и формирање на ковата реформска влада и тоа брзо ќе се случи.

Наведуваат дека во најскоро време Талат Џафери ќе го информира Ѓорге Иванов дека постои декларирано парламентарно мнозинство и дека Иванов е должен да му го даде мандатот на претседателот Заев за формирање на новата влада.