„За заедничка Македонија“ бара нови избори
Од оваа иницијатива сметаат дека институциите треба да поведат постапка против сите кои, според нив, направиле обид за државен удар.

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ продолжува со протести. Побараа избори. Не го признаваат изборот на Талат Џафери за нов претседател на Собранието. Сметаат дека се прекршени деловникот, законот и Уставот.
Од оваа иницијатива сметаат дека институциите треба да поведат постапка против сите кои, според нив, направиле обид за државен удар.
Никој нема право да крши Устав и незаконски да избира претседател на Собрание. Наместо да одат по демократскиот пат и да го почитуваат Деловникот, Законот за Собрание и Уставот, се решија да извршат државен удар и на сила да ја преземат власта- велат од оваа иницијатива.
Од иницијативата „За заедничка Македонија“ барааат институциите да поведат постапка за сите кои, според нив, на нелегитимен начин се обиделе да изберат претседател на Собранието.
