Форин Офис: Да се овозможи непречен и ненасилен трансфер на власта

03.05.2017 11:58

Британскиот Форин Офис го поздрави изборот на нов претседател на Собранието и апелираше за непречен и ненасилен трансфер на власта.

Обединетото Кралство се огласи за политичките случувања во Македонија. Британскиот Форин Офис го поздрави изборот на нов претседател на Собранието и апелираше за непречен и ненасилен трансфер на власта.

„Обединетото Кралство ја поддржува демократската одлука на мнозинството пратеници во Македонија да го изберат Талат Џафери за претседател на Собранието. Подготвени сме за претстојната соработка со него. Ги повикуваме сите лица, институции и партии да овозможат непречен и ненасилен трансфер на власта. Колку побрзо се формира влада, толку побрзо ќе може да започне спроведувањето на итните реформи за доброто на граѓаните на Македонија“, се вели меѓудругото во дописот од британскиот Форин Офис, од каде апелираат- сите лидери да се воздржат од загревање на етничките тензии.