Џафери влезе во кабинетот на претседателот на Собранието

03.05.2017 12:12

Прв гостин на Талат Џафери, во кабинетот на претседателот на Собранието, му беше евроамбасадорот во земјава, Самуел Жбогар.

Талат Џафери изутринава дојде во Собранието на Република Македонија и влезе во кабинетот на претседателот на законодавниот дом, потрдија собраниските служби.

Прв гостин на Талат Џафери, во кабинетот на претседателот на Собранието, му беше евроамбасадорот во земјава, Самуел Жбогар.

Дипломатот на социјалните мрежи објави фотографија од средбата.

Рече дека ја изразил подготвеноста на Европската унија да соработувања со новиот собраниски спикер за спроведување на неопходните реформи потребни за евро-атлантска интеграција.

Талат Џафери во четвртокот беше прогласен за претседател на Собранието од пратениците на СДСМ и дел од албанските партии. Неговиот избор го оспорува ВМРО-ДПМНЕ оценувајќи го како неуставен и неделовнички.