Карен Пирс во посета на Македонија
05.05.2017 11:33
Од Британската амбасада информираат дека се предвидени средби со претставници на сите парламентарни партии.

Карен Пирс, политичката директорка при Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство, е во посета на Македонија.
Од собраниската прес-служба наведуваат дека Пирс ќе има средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и заедничка со лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ДУИ, Али Ахмети, на БЕСА, Билал Касами и секретарот на Алијанса на албанците, Весел Мемеди.
Од Британската амбасада информираат дека се предвидени средби со претставници на сите парламентарни партии.
Пирс во Македонија доаѓа од Косово, по средбите што ги имаше со претставници на приштинските власти, а претходно го посети и Белград.
