Уставниот суд во среда ќе одлучува за градоначалниците и за субвенциите

05.05.2017 11:36

Ќе се разгледува и иницијативата на Светскиот Македонски конгрес за уставноста и законитоста на Изборниот законик, каде што е нагласено дека „Изборот на влада е во согласност со резултатите на изборите“.

Уставниот суд в среда ќе ги разгледува иницијативите за укинување на два члена од Законот за локална самоуправа и од Изборниот закон со што ќе се овозможи градоначалниците и советниците да останат на функциите до одржувањето на локалните избори. Тие требаше да се спроведат во втората половина на мај, но истекоа роковите за нивно распишување  поради политичката криза.

До Уставниот суд иницијативи за продолжувањето на мандатот на локалната власт, поднесоа Министерството за локална самоуправа и Министерството за правда.

Ќе се разгледува и иницијативата на Светскиот Македонски конгрес за уставноста и законитоста на Изборниот законик, каде што е нагласено дека „Изборот на влада е во согласност со резултатите на изборите“.

Уставните судии треба да решат и дали може да почне исплатата на субвенциите за земјоделците. Министерот за финансии Миноски претходно изјави, дека пари во буџетот има, но дека главна пречка за исплатата се одредбите од Изборниот законик.