Одложено судењето за случајот „Тврдина 2“
Одбраната на Грујевски, кој се товари дека уништил документација од прислушувањето, односно системи за прислушување, приложи медицинска документација тврдејќи дека е отсутен поради здравствени проблеми.

Се одложи судењето за случајот „Тврдина 2“ на СЈО, поради отсуство на обвинетиот Горан Грујевски, поранешен началник на Петтата управа на МВР.
Одбраната на Грујевски, кој се товари дека уништил документација од прислушувањето, односно системи за прислушување, приложи медицинска документација тврдејќи дека е отсутен поради здравствени проблеми.
Обвинителството побара да се проверат медицинските документи на Грујевски како и видео снимките од надзорот во МВР и во УБК, поради сознанието дека тој бил во нивните простории, додека бил на боледување.
Доколку тоа се покаже како точно, посочија од СЈО, тие ќе бараат од Судот негово приведување.
На рочиштето не присуствуваше и адвокатот на Грујевски, Никола Додевски.
