Адеми: Итни реформи за враќање на европскиот пат

05.05.2017 12:51

Според вицепремиерот за европски прашања, Адеми на земјава ѝ се потребни итни реформи за да се врати на европскиот пат.

Македонија нема друга алтернатива, мора да се врати на патот кон европските вредности, заклучок од дебатата на Филозофскиот факултет по повод 9-ти мај, Денот на Европа. Според вицепремиерот за европски прашања, Адеми на земјава ѝ се потребни итни реформи за да се врати на европскиот пат.

„ЕУ е спремна да носи одлука во насока на проширувањето, да ги надминува внатрешните пречки и да отовори пат за европска, просперитетна и реформска Македонија. Покрај сите предизвици, лично сум убеден дека можеме и дека ќе ги спроведеме потребните реформи, колку тие да се болни, и дека  ќе ја вратиме земјата назад на европскиот пат, каде што и заслужува да биде“, рече вицепремиерот Адеми.

Иако и европското семејството се соочува со низа проблеми, тоа е сепак иднината на граѓаните на Македонија, рекоа говорниците.