ВМРО-ДПМНЕ: СДС дејствува антиуставно и противзаконски

05.05.2017 13:09

Според ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев со својата непресметливост ја доведува во опасност Република Македонија, нејзината меѓународна репутација и односите со другите држави.

Зоран Заев и СДС дејствуваат антиуставно и противзаконски, и затоа мора да има одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Заев направи правен и политички преседан, со што отвори можност во иднина, на незаконски начин да се гласа двојазичноста, албанските банкноти, двојазичните униформи, геноцидот и сите елементи од Тиранската платформа, без да се почитува волјата на народот, се наведува во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев со својата непресметливост ја доведува во опасност Република Македонија, нејзината меѓународна репутација и односите со другите држави.

Граѓаните се постизборно измамени, и бараат одговорност и нови парламентарни избори.

Заев и СДС не можат да одат спротивно на народната волја, СДС мора да го слушне гласот на народот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.