„За заедничка Македонија“ продолжува со протести
05.05.2017 13:19
Според организаторите, протести ќе има, сѐ додека не им се исполни главното барање- избори...

Иницијативата „За заедничка Македонија“ продолжува со протестите за зачувување на унитарноста на земјата. Велат, не прифаќаме избор на претстедател на Собранието кој е направен противуставно и спротивно на демократските стандарди.
Според организаторите, протести ќе има, сѐ додека не им се исполни главното барање, избори, кое според нив е единствено решение за излез од политичката криза во земјава.
