Продолжи судењето за „Диво насеље“, обвинителството поднесе два нови докази

05.05.2017 14:03

Јавното обвинителство за организиран криминал до судот поднесе два нови докази.Првиот, писмен доказ кој се однесува на повредите на заштитените сведоци, што е од техничка природа. Вториот доказ е ЦД што според обвинителството го отсликува целиот настан како влегува полицијата во Диво насеље и како се одвивала акцијата понатаму.

Продолжи судењето за случајот „Диво насеље“ со дополнување на доказната постапка од страна на судот. Јавното обвинителство за организиран криминал до судот поднесе два нови докази.

Првиот, писмен доказ кој се однесува на повредите на заштитените сведоци, што е од техничка природа. Вториот доказ е ЦД што според обвинителството го отсликува целиот настан како влегува полицијата во Диво насеље и како се одвивала акцијата понатаму.

Во судскиот процес „Диво насеље“ на 37 обвинети им се суди за тероризам и терористичка организација поради нападите во кумановската населба „Тоде Мендол“, каде загинаа осуммина припадници на полицијата, а околу 40-тина беа повредени.