Одбележан Денот на полицијата
Крупните реформи да придонесат за напредок и просперитет, професионалност и достоинство за нејзините припадници, рече министерот за внатрешни работи Нухиу. Полицијата треба да гарантира безбедност за сите граѓани...

„Полицијата треба да гарантира безбедна средина за сите граѓани. Негувајќи ги вредностите и професионалните стандарди за напредок и просперитет, треба да се продолжи со крупните реформи во полицијата“- порача министерот за внатрешни работи Нухиу на одбележувањето на Денот на полицијата. Според него, неопходен е заеднички ангажман за што поскоро полицијата да се стави во служба на општеството.
Министерот Нухиу, во чест на пожртвуваноста и делата на припадниците на полицијата кои го загубиле животот бранејќи ги државните и институционалните вредности, положи цвеќиња пред споменикот во кругот на МВР.
Пред споменикот на загинатите бранители од конфликтот во 2001-ва, одадоа почит директорот на Бирото за јавна безбедност, Чавков и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Атанасовски, членови на семејствата на загинатите припадници.
Полициските специјалци пак, им оддадоа почит на своите загинати колеги во кумановско „Диво Насеље“.
Наташа Гркова- Петрушевска
