Шојбле: Ќе му помогне на Макрон да ја зајакне ЕУ

10.05.2017 11:45

Поддршка за Макрон вети и германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во процесот на зајакнување на Еврпоската Унија и на Еврозоната.

„Борбата против тероризмот продолжува и во мандатот на новиот претседател Емануел Макрон“, порача францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан, нагласувајќи дека и натаму ќе бидат водечка сила во воената кампања против Исламска држава во која се веќе ангажирани над 5.000 француски војници.

Поддршка за Макрон вети и германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во процесот на зајакнување на Еврпоската Унија и на Еврозоната.

Предупреди дека некои од предлозите на Макрон, вклучувајќи го и тој за европски министер за финансии ќе бараат промени во договорот на европскиот блок, кои според него, во моментот се нереални.