Јана Бурчевска со „Dance alone“ вечерва на Изборот за песна на Евровизија

11.05.2017 11:19

Македонија настапува под реден број 3. На втората полуфинална вечер ќе настапат и Австрија, Србија, Малта, Романија, Холандија, Унгарија, Данска, Ирска, Сан Марино, Хрватска, Норвешка, Швајцарија, Белорусија, Бугарија, Литванија, Естонија и Израел.

Македонската претставничка на годинашниот Избор на песна на Евровизија, Јана Бурчевска, вечерва со песната „Dance alone“ ќе настапи на втората полуфинална вечер што ќе се одржи во Киев, Украина.

Македонија настапува под реден број 3. На втората полуфинална вечер ќе настапат и Австрија, Србија, Малта, Романија, Холандија, Унгарија, Данска, Ирска, Сан Марино, Хрватска, Норвешка, Швајцарија, Белорусија, Бугарија, Литванија, Естонија и Израел.

За пласман во финалето ќе одлучуваат гласовите од публиката, како и гласовите од националните жири комисии од земјите учеснички на втората полуфинална вечер и од Германија, Франција и Украина.

Од првата полуфинална вечер што се одржа во вторникот, пласман во финалето обезбедија Шведска, Австралија, Белгија, Азербеjџан, Португалија, Грција, Полска, Молдавија, Кипар и Ерменија.

Директниот пренос од втората полуфинална вечер почнува од 21 часот на МРТ1.